Партизан и Црвена Звезда вечерва го играат третиот натпревар во финалето на АБА лигата. „Црно-белите“ ќе се обидат со победа да се вратат во серијата, додека Звезда ако победи, тогаш ќе го освои пехарот со трета поб3еда по ред.
На овој натпревар претходеше инцидент, во кој беа вклучен Џејмс Нанали од Партизан и Стефан Лазаревиќ од Црвена Звезда. Веројатно подебелиот крај го извлекол Лазаревиќ, а двете страни се „расфрлија“ со соопштенија денеска, обвинувајќи се меѓусебно.
Затоа Нанали нема да биде во комбинација за мечот со Звезда. Ова е одлука на Жељко Обрадовиќ, кој покажа дека кај него нема шега кога е во прашање дисциплината. Кај Црвена Звезда ќе го нема Лазаревиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА