Нема шега со Алкараз: Доминантен триумф над Руне за полуфинале на Вимблдон

Карлос Алкараз уште еднаш покажа зошто моментно е прворангиран светски тенисер, откако шпанскиот ас лесно и убедливо го совлада Холгер Руне со 3-0 во сетови за свој прв пласман во едно полуфинале на Вимблдон во кариерата. Ова беше прво четвртфинале во историјата на Вимблдон во кое се сретнаа двајца тенисери под 21 година, а на теренот поумешен се покажа Алкараз, кој не му дозволи на противникот да се понадева на изненадување.

Првиот сет донесе најизрамнет тенис, двајцата асови беа одлични на свој сервис, но подобар беше првиот носител кој славеше со 7-3. Ова само ја зголеми самодовербата кај Алкараз, додека Руне губеше сила како што одминуваше времето. Шпанскиот тенисер го доби вториот сет со 6-4, а потоа стигна и до брејк во раната фаза од третиот сет, за триумф со конечни 6-4.

Противник на шпанскиот тенисер во полуфиналето ќе биде третиот носител Данил Медведев, кој славеше со 3-2 во сетови на денешната пресметка со Американецот Јубенкс. Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Ѓоковиќ и Синер.

Се вчитува...