Нема шега со Комо: Момците на Фабрегас ја решија и Рома

Комо уште еднаш покажа зошто важи за најпријатно изненадување во Серија А сезонава откако тимот предводен од Цеск Фабрегас ја забележа и четвртата победа во низа, исклучително важна ако се знае дека се освоени три бода против Рома (2-1), во директен дуел за четвртото место кое води во ЛШ следната сезона.

Римјаните се надеваа дека ќе ја прекинат серијата на домашниот тим, а кога Мален погоди од пенал во 7. минута се чинеше дека гостите се на добар пат да го сторат токму тоа.

На одмор се замина со 0-1, но затоа второто полувреме мина во целосна доминација на домашниот тим кој најпрвин израмни преку Дувикас, а во 79. минута и го сврте резултатот во своја полза со голот на Карлос.

Треба да се истакне и дека Рома последните триесетина минути ги одигра со фудбалер помалку откако Франка заработи црвен картон при резултат 1-1.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...