Нема шега со овој Арсенал: Голема победа и над Челси, за враќање на врвот на Премиер-лигата

Арсенал уште еднаш ги  потврди шампионските амбиции оваа сезона откако „топчиите“ забележаа уште еден значаен дерби-триумф, на гостински терен против Челси со 0-1.

Избраниците на Микел Артета одиграа одличен натпревар, беспрекорно ги затворија приодите кон сопствениот гол, за до три бода да стигнат благодарение на гол од корнер, што го постигна Габриел, по центаршутот на Букајо Сака.

„Топчиите“ со овие бодови експресно се вратија на првото место на табелата, со два бода предност во однос на Манчестер Сити, воедно и продлабочување на кризата на Челси, откако „сините“ врзаа и четири премиерлигашки дуели без триумф.

Се вчитува...