Нема шега со Панатинаикос: Доаѓа и Хуанчо Хернангомез

Хуанчо Хернангомез е најновата „трансфер-бомба“ на Панатинаикос откако грчкиот гигант доцна синоќа го договори целосно трансферот на шпанскиот репрезентативец, кој ќе биде од огромна помош во борбата под обрачите.

Хуанчо беше поврзуван со Барселона каде што потпиша неговиот брат Вили Хернангомез, тој реши да се обиде да најде нов ангажман во НБА, но откако не доби задоволителна понуда се врати назад во Европа. Челниците на ПАО беа најконкретни во преговорите, нудејќи му двогодишен договор под одлични услови што Хернангомез веднаш ги прифати.

Потврда за трансферот дојде и од првиот човек на Панатинаикос, Јанакопулос, кој на своите профили на социјалните мрежи објави фотографија од Хуанчо во зелено, додека ги бранеше боите на Бостон селтикс.

Ова ќе значи и можност за деби на Шпанецот во Евролигата, ако се знае дека во Шпанија настапуваше само за Естудијантес пред во 2016 да замине во НБА, каде ги бранеше боите на Денвер, Минесота, Бостон, Сан Антонио, Јута и Торонто.

Се вчитува...