Нема шега со ракометарките – реванш со полна мера за Црногорките

Женската ракометна репрезентација потврдува дека поседува потенцијал наскоро да се најде и на едно големо натпреварување, откако избраничките на селекторот Симовски денеска славеа на пријателскиот натпревар против  Црна Гора со 21-17. Несреќниот пораз на вчерашниот прв меч беше само мотив повеќе за нашиот национален тим, кој настапи без помошта на Ристовска, Ѓеорѓиевска и Јовановска, но сепак успеаја да го совладаат реномираниот противник.

Идентично како и на вчерашниот прв натпревар, повторно во стартните 30 минути можеше да се проследи израмнета игра и на одмор се замина со израмнети 9-9. Сепак, денеска ракометарки беа многу подобри во продолжението, благодарение на одличанта голманка Серафимова успеаја да се одлепат резултатски и да поведат со пет гола предност, за на крајот да слават со конечни „плус четири“.

Овие контролни натпревари воедно беа и генерална проба за стручниот штаб и ракометарките пред бараж дуелите со Словенија за претстојниот Мундијал што на крајот од годинава ќе се одржи во Јапонија.

Се вчитува...