Манчестер Јунајтед не врза пет победи по ред во Премиерлигата, а фанот остана без шишање откако денеска тимот на „Црвените ѓаволи“ одигра нерешено 1-1 на гостувањето во Лондон кај Вест Хем. Од друга страна, пак, „чеканите“ успеаја да дојдат до еден бод во битката за опстанок.
Вест Хем поведен со голот на Томас Соучек во 50. минута од средбата. После една акција и асистенција на Боувен, Соучек го совлада Ламенс, и така донесе предност за домашните.
Во продолжението на мечот Каземиро постигна погодок кој беше поништен поради офсајд, а Јунајтед во последните секунди со голот на Шешко успеа да постигне гол и да спаси бод за својата екипа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

