Американската скијачка, Михаела Шифрин покажа дека е најдобра скијачка во светот, откако триумфираше на спуст трката во сезоната во алпско скијање, која денеска се возеше во бугарскиот ски-центар Банско.
Шифрин до триумфот стигна со вкупно време од 1:29.79 минута што беше за 18 стоти делови од секундата подобро од второпласиранта Италијанка Федерика Брињоне. Третото место и припадна на Жоана Хален од Швајцарија која заостануваше 23 стотинки зад времето на победничката.
Во генералниот пласман Шифрин ја зголеми предноста пред Италијанката Федерика Брињоне која денеска заврши втора и Словачката Петра Влхова која заврши шеста. Утре дамите во Банско повторно ќе се натпреваруваат во спуст.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА