Арбитражата на Игор Стојчевски и помошниците во саботниот финален натпревар од Купот на Македонија и Александар Ставрев и помошниците во вчерашниот бараж натпревар за пласман во Првата македонска фудбалска лига поминале без судиска грешка, оцени судиската комисија на ФФМ.
Од натпреварот за трофеј помеѓу Македонија ЃП и Струга ТЛ се анализираше пеналот на скопската екипа кој според судиската комисија е исправна одлука.
„26. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден пенал)
Играч од екипата на домаќините ја прими топката надвор од шеснаесетникот на гостите и упати удар кон голот на гостите, упатената топка во шеснаесетникот удри во рака на играч од екипата на гостите, кој направи движење со телото и раката кон топката и со тоа презема ризик, потоа топката го смени правецот на движење и отиде во корнер.
Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за екипата на домаќините и жолт картон за играчот на гостите, бидејќи играше со рака на недозволен начин, спуштајќи го телото и раката кон топката“
Од натпреварот помеѓу Скопје и Вардар одигран во Кавадарци предмет на анализа беа две ситуации – поништениот гол на Десниќ поради офсајд и црвениот картон доделен на Тодоров.
„21. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (досудено офсајд позиција)
Играч од екипата на гостите центрираше топка во шеснаесетникот на домаќините, негов соиграч ја удри топката со глава кон голот на гостите, голманот кратко ја одби топката која дојде до друг играч од екипата на гостите и постигна гол.
Исправна одлука на првиот помошен судија, досуден индиректен слободен удар за екипата на домаќините (офсајд позиција), бидејќи играчот на екипата на гостите кој постигна гол се наоѓаше пред претпоследниот играч од одбраната на домаќините во моментот кога неговиот соиграч ја упати топката со глава кон голот на домаќините.
35. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (доделен ЦРВЕН картон)
Играта беше во прекин, од трибината каде што се наоѓаа симпатизерите на екипата на гостите беше фрлено недозволено пиротехничко средство (факел) во теренот за игра, потоа играч од екипата на домаќините го зема факелот и го фрли кон трибината каде се наоѓаа симпатизерите на гостинската екипа“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА