Нема суспензија, УЕФА само со парична казна за Ибрахимовиќ

УЕФА реши да не го санкционира Златан Ибрахимовиќ со суспензија, туку само со парична казна откако истрагата утврди дека шведскиот голгетер навистина ги прекршил правилата откако имаше удел во сопственоста на една компанија за обложување во татковината.

На Ибрахимовиќ му се закануваше суспензија до три години, што можеше да значи и неславен крај на блескавата кариера, но како пресуден се покажа фактот дека Швеѓанецот во изминатите десетина дена и официјално го продаде својот влог во компанијата.

Поради ова, УЕФА реши да го казни Златан со 50.000 евра, а неговиот клуб Милан со 25.000 евра бидејќи „росонерите“ биле запознаени со случајот, но не реагирале.

 

Се вчитува...