Нема Светско првенство за Сон – Кореецот мора на операција на окото

Катастрофална вест за Јужна Кореја на 18 дена до стартот на Светското првенство. Корејците на Мундијалот во Катар нема да може да сметаат на својата прва ѕвезда, Хеунг Мин-Сон кој ќе мора да замине на операција на окото.

Сон по еден удар мораше да го напушти теренот уште во првото полувреме на мечот против Олимпик Марсеј кој се играше вчера, а повредата не е нималку наивна и тој ќе мора да замине на оперативен зафат.

Можеме да потврдиме дека Хеунг-Мин Сон ќе биде подложен на операција за стабилизирање на фрактура околу левото око. Репрезентативецот на Јужна Кореја се повреди за време на првото полувреме од победата во вторникот во Лигата на шампионите против Олимпик Марсеј. По операцијата, Сон ќе започне со рехабилитација со нашиот медицински персонал и ние дополнително ќе ве информираме за неговата состојба“, стои во соопштението на Тотенхем. 

Јужна Кореја на Светското првенство се наоѓа во групата Х заедно со репрезентациите на Португалија, Уругвај и Камерун.

Се вчитува...