Нема тренерска смена во Динамо – Шимиќ верува во Бишчан

Игор Бишчан ќе остане на чело на Динамо Загреб и покрај елиминацијата од квалификациите за Лигата на Шампионите од грчки АЕК. Хрватскиот првак беше крајно несреќно елиминиран со два примени гола во судиското продолжение (вториот во 100. минута), но навивачите беа бесни на Бишчан барајќи од првиот човек на клубот, Дарио Шимиќ, да му врачи отказ на тренерот.

Експресно стигна и одговорот од Шимиќ, кој јасно стави до знаење дека има апсолутна доверба во квалитетите на Бишчан и неговиот стручен штаб.

„Бевме толку блиску, горди сме на момците и начинот на кој играа 92 минути во Атина. За жал, не успеавме да го затвориме мечот како што требаше, мора да се анализира зошто ни се случуваат вакви падови во самите завршници од натпреварите. Ова е долга сезона и пред нас е многу работа. Секако дека оваа несреќна елиминација е страшен шок и за тренерот, но ние не размислуваме за смена. Бишчан и неговите асистенти ја имаат нашата безрезервна поддршка како и досега, тоа нема да се смени само поради еден пораз“, изјави Шимиќ.

Се вчитува...