Астон Вила стои на ставот дека напаѓачот Џон Дуран не е за продажба и по новата понуда на Вест Хем Јунатед за ангажман на Колумбиецот вредна 67 милиони евра, пренесуваат англиските медиуми.
Дваесетиедногодишникот кој оваа сезона настапи на вкупно 27 натпревари за Астон Вила постигнувајќи 12 голови неодамна ја продолжи соработката со тимот од „Вила Парк“ до 2030 година. Клубот на него гледа како идеален фудбалер за следните години па нема да дозволи трансфер по ниту една цена.
Вест Хем Јунајтед пак останува по потрага по напаѓач, позиција која е проблематична на „чекичарите“ кои по неколкуте добри сезони овој пат потполно потфрлија. Во моментот се на 14. позиција на табелата со само 26 освоени бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

