Кошаркарите на Бург се вторите финалисти во кошаркарскиот Еврокуп, откако во мајсторката го совладаа тимот на Турк Телеком со 94-78, и успеаја да дојдат до можност да се борат за трофејот во ова натпреварување. Таму противник ќе му биде екипата на Бешикташ, која претходно го обезбеди своето место во финалниот меч.
Бург уште по првата четвртина се стекна со добра предност, а потоа Турк Телеком успеа да се врати. Но, во второто полувреме домаќинот носен од својата публика успеа да стигне до недостижна предност, и предвреме да го реши победникот.
Гаш со 21 поен беше најефикасен кај Бург, додека кај Турк Телеком најдобар беше Смит со 18 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

