Билетите распродадени: Македонија против Грузија и „против“ 55.000 гледачи во Тбилиси

ЕКИПА во Тбилиси
Горан Бошев

Нема повеќе билети за вечерашниот натпревар помеѓу Грузија и Македонија кој ќе се игра на стадионот „Борис Паичадзе“ во Тбилиси. Сите сектори се распродадени, па така вечерва Грузија ќе има поддршка од 55.000 гледачи против Македонија.

Грузијците се борат за првата позиција на табелата во групата во Лигата на Нации, и победа или нерешено вечерва им го осигурува местото бр. 1 на табелата. При евентуална победа на Македонија, последното коло ќе го решава победникот на групата, а најсигурна варијанта е Македонија да победи со четири и повеќе разлика вечерва, и во последното коло да ја совлада Бугарија за прво место во групата.

За атмосферата на трибините и полниот стадион, вчера на прес-конференцијата зборуваше и Езгјан Алиоски. Тој кажа дека публиката не игра значење на вакви натпревари.

„Полн или празен стадион, тоа не игра улога. Важен е квалитетот, мотивацијата. Дојдовме тука да го повториме резултатот од минатото. Уште не боли поразот во Скопје, и сега имаме желба да им вратиме“, изјави Алиоски вчера. 

Се вчитува...