Менаџерот на Челси, Антонио Конте истакна дека почнал да се бави со јога со цел да биде посмирен за време на натпреварите. Италијанскиот стратег стана познат во Премиер – лигата по лудувањата покрај аут линијата и екстремните радувања кога и да постигне гол неговиот тим, но реши својата енергија да ја пренасочи на друго хоби.
Клубот дури и вработи јога инструктор кој постојано ќе работи со Конте.
„Имаме вработен јога инструктор, драго ми е што клубот располага со секакви услуги. Почнав да работам со него, не е ништо екстремно, само обични почетни вежби. По сесијата работиме и на релакација околу десетина минути, и можам да кажам дека се чувствувам добро потоа. Ми се допаѓа тоа што почнaв редовно да правам јога, всушност почнав да читам и книги околу тоа, навистина ме заинтересира. Искрено, по секој натпревар се чувствував уморен, и психички и физички истрошен, а сега знам дека треба да бидам поопуштен за време на натпреварите“, вели Конте.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА