Нема веќе непоразени тимови сезонава во италијанската Серија А, откако во дербито на 13. коло Интер го совлада Наполи со 3-1. Гостите подобро го отворија мечот и поведоа со 0-1 со голот на Зјелински во 17. минута.
Сепак, тоа беше се што успеаја да направат на натпреварот. „Нероаѕурите“ израмнија преку Чалханоглу од пенал во 25. минута, додека до крајот на првиот дел стигнаа и до водство со голот на Перишиќ во 44. минута.
На 3-1 зголеми Лаутаро Мартинез во 61. минута, додека конечните 3-2 ги постави Дрис Мертенс во . Македонскиот репрезентативец Елјиф Елмас доби шанса во 75. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА