Трансфер „постот“ во сениорска конкуренција кој траеше 14 години помеѓу Тотенхем и Вест Хем Јунајтед беше прекршен ова лето со ангажманот на еден од најдобрите фудбалери на „чеканите“, Мохамед Кудус, на „Хотспур“ стадионот.
А, како што се чини Ганецот нема да биде единствениот трансфер реализиран помеѓу овие два клуба ова лето со оглед на интересот кој го покажа Тотенхем за ангажман на уште една ѕвезда на ривалот, Лукас Пакета.
Бразилецот не е задоволен во Вест Хем со оглед на драстичниот пад на амбициите на клубот кој и во новата сезона нема да биде дел од европските натпреварувања па и самиот изразил желба за преселба во ривалските редови со цел да настапи во Лигата на Шампионите и воедно да има шанса да се бори за трофеи.
Од преминот на Кудус во Тотенхем, Вест Хем заработи 75 милиони евра, а слична заработка се очекува и од заминувањето на 27-годишникот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

