Баерн Минхен влезе во последната фаза од преговорите со Ливерпул во врска со потпишувањето на крилниот напаѓач Луис Дијаз, кој изрази желба да го напушти „Енфилд“ и да се приклучи во редовите на германскиот шампион.
Ливерпул претходно ја одби првата понуда на Баерн од околу 67 милиони евра, но Баварците се вратија со нова, подобрена понуда од околу 80 милиони евра.
Иако во текот на летото на „Енфилд“ тврдеа дека немаат намера да ги продадат клучните играчи, јасно искажаната желба на Дијаз за трансфер го принуди клубот да седне и да започне разговори со Баварците.
Колумбиецот пристигна во Ливерпул во јануари 2022 година за 42,9 милиони евра и потпиша договор на пет и пол години. Се чини дека соработката ќе биде завршена многу порано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

