Новото раководство на КФСМ најави отпочнување на процедура за менување на името и бришење на придавката „Северна“ од називот на федерацијата, а првиот конкретен чекор ќе биде видлив при стартот на новиот квалификациски циклус на сениорската репрезентација.
Нашите кошаркари се фотографираа за официјалната веб-страница на ФИБА во дресовите со кои ќе настапуваат во овие претквалификации, а веднаш паѓа во очи – наместо досегашната “North Macedonia”, на градите на избраниците на селекторот Илиевски стои кратенката МКД.
Мал, но многу значаен чекор, како знак дека иницијативата на новото раководство не останува само на зборови…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

