Нема зафрканција со Анчелоти: Играч одби да се ракува со него, па…

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти имаше приговор кон својот фудбалер Родриго, кој не се ракуваше со него откако беше заменет на натпреварот во 1/8 финалето против Вилјареал.

Италијанецот се реши во 56. минута да го смени Родриго, а потоа Бразилецот луто се обрати некому на клупата на „кралевите“.

Анчелоти подоцна објасни дека неговите пораки биле упатени кон Родриго.

„Беше заменет затоа што е малку уморен, и се одлучив да не ризикувам. Не се ракуваше со мене затоа што мислев дека заборавил, не гледам друга причина. Му реков повеќе да не заборава да се ракува во текот на измените“, истакна Анчелоти.

Се вчитува...