Андреј Јакимовски и Вашингтон Стејт продолжуваат со импресивни игри на стартот од НЦАА-сезоната, во седмата средба стигнувајќи и до својата седма победа. Тимот на македонскиот суперталент синоќа го пречека составот на Преири Вју, декласирајќи го со убедливи 90-62.
Прашањето на победникот беше решено уште по првото полувреме што Вашингтон Стејт го доби со 47-30, погодувајќи рекордни за нив сезонава осум тројки. Јакимовски и соиграчите не се опуштија, продолжија да доминираат до самиот крај и заслужено стигнаа до седмиот триумф во низа.
Македонскиот репрезентативец мина на теренот 29 минути, период во кој реализираше 11 поени (три тројки), четири скока, една асистенција и една украдена топка.
The ball movement leads to a wide open 3 for Jaki#GoCougs pic.twitter.com/HwiFxnD08g
— WSU Men’s Basketball (@WSUCougarMBB) December 22, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА