„Нема зошто да криеме, Анчелоти е главна желба за селектор на Бразил„

Првиот човек на Бразилската Фудбалска Федерација, Едналдо Родригез, ги потврди гласините дека „кариоките“ се тргнати во офанзива за да го убедат Карло Анчелоти да седне на клупата на оваа репрезентација по завршувањето на сезонава.

Токму затоа по отказот на Тите беше именуван само привремен селектор, во надеж дека ќе успее да се најде заеднички јазик со трофејниот Италијанец да застане на кормилото на „кариоките“.

„Нема поента да криеме, Карло Анчелоти е наш фаворит за селектор на Бразил. Време е тоа да го признаам и јавно, тој е нашиот план А во потрагата по нов селектор. Не велам дека му дадовме конкретна понуда, но разговараме за да видиме дали сака да дојде во нашата земја“, изјави Едналдо Родригез.

Италијанскиот стручњак има договор со Реал Мадрид до јуни 2024 година, но доколку постигне договор со „кариоките“ би добил зелено светло за предвреме да си замине од „Сантијаго Бернабеу“.

Се вчитува...