Лука Дончиќ продолжува да доминира на терените во НБА-лигата предводејќи го тимот на ЛА Лејкерс, но таблоидите во меѓувреме продолжуваат да го ставаат фокусот на приватниот живот на суперѕвездата, поточно на прекинот на врската и откажувањето на веридбата со долгогодишната девојка Анамарија Голтес.
Првите информации говореа дека Дончиќ бил фатен во неверство по што вереницата се вратила назад во Словенија и таму го родила нивното второ заедничко дете.
Сепак, добро упатени извори тврдат дека тоа е апсолутна лага, а вистината за разделбата е дека – Анамарија одбила да дојде и да живее со Дончиќ во неговиот дом во Лос Анџелес.
„Ако ја побарате документацијата јасно се гледа дека ниту Анамарија ниту повозрасното дете не живееле во Калифорнија. Лука со месеци се обидуваше да ја убеди да дојде да живеат заедно, но таа го одби. Во Словенија живеее од мај минатата година, а претходно беше со него во Далас. На Лука му дојде преку глава да ја моли, па реши да ја откаже веридбата и да стави крај на оваа врска“, обелоденуваат блиски пријатели на кошаркарот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

