Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ги урна повеќе или помалку сите важни рекорди во „белиот спорт“, но секогаш има нови цели и поместување на границите.
Ѓоковиќ има рекордни 24 гранд-слем титули, ја брка 25-тата, а доколку ја освои, ќе стане најстариот тенисер што некогаш го сторил тоа.
Актуелен рекордер е Австралиецот Кен Роузвол, кој имаше 37 години, еден месец и 24 дена на Отвореното првенство на Австралија во 1972 година.
Тој вели дека не би имал ништо против ако Ѓоковиќ го сруши неговиот рекорд.
„Не би ми пречело. Мислам дека го заслужи тоа бидејќи освои најмногу гранд-слем титули. Би било убаво ако може да освои уште една и да постави уште еден рекорд“, вели Роузвол.
Роузвол (90) освои четири гранд-слем титули во Отворената ера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

