„Немаме пари за Василије Мициќ“

Српскиот плејмејкер Василије Мициќ ова лето се очекува да се врати назад во Европа каде прикажа фантастична игра во дресот на Ефес и од каде се пресели во НБА, но не успеа да се наметне во најсилното кошаркарско натпреварување.

И покрај тоа што за него Истанбул важи за „втор дом“, мала е веројатноста дека одново ќе биде дел од Ефес со оглед на финансиските барања. Тоа го потврди спортскиот директор на турскиот клуб, Исмаил Шенол при интервју за „ХТ Спор“.

„Василије Мициќ е дел од нашето семејство и многу го сакаме. Постојано сме во контакт со него, доаѓа во Истанбул подоцна во текот на месец мај. Тој е многу важен дел од историјата на Ефес, но реално, веќе ги имаме Шејн Ларкин и Дариус Томпсон. Кога ќе го погледнете буџетот, а и финансиските ограничувања кои стапуваат на сила следната година, едноставно не е реално. Не можеме да понудиме толку. 

Никогаш не сум разговарал за пари со него, но кога ќе видите каква сума се споменува во медиумите, не можеме да се бориме со тоа“, изјави Шенол.

Се вчитува...