Лутите ривали Работнички и МЗТ Скопје Аеродром во овие моменти требаше да го започнат дерби – натпреварот од Суперлигата во салата „Градски парк“ во Скопје, но мечот е одложен од технички причини. Не е обезбеден семафор што го покажува времето за напад од 24 секунди, па делегатот Зоран Николовски го одложи дербито.
По ова, кошаркарите на Работнички си одржаа тренинг во својата сала. Се разбира, за тоа не им е потребен семафор…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА