Кон крајот на сезоната во која објави дека става крај на својата одлична играчка кариера, Немања Бјелица ќе биде назначен за спортски директор на турскиот Бахчешехир.
Турскиот клуб Бахчешехир од Истанбул со гордост ги извести фановите и јавноста дека отсега во тандем со тренерот Дејан Радоњиќ, поранешниот МВП на Евролигата и шампион во НБА со Голден Стејт, ќе ја преземе функцијата спортски директор во овој клуб.
„Горди сме што можеме да објавиме дека МВП на Евролигата за 2015 година и шампион во НБА од 2021 година, Немања Бјелица, му се придружува на нашиот клуб како спортски директор во сезоната 2024/2025“, се вели во соопштението на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

