Немања Матиќ и официјално е нов фудбалер на Рома, римскиот клуб го потврди неговиот ангажман, тој доаѓа по желба на Жозе Мурињо.
Немања Матиќ и по третпат ќе работи со Жозе Мурињо, овојпат искусниот фудбалер ќе игра во Рома.
„Клубот со задоволство може да го потврди потпишувањето со Немања Матиќ. 33-годишниот фудбалер стави потпис на едногодишен договор со трајност до 30 јуни 2023 година“, стои во соопштението на Рома.
Српскиот фудбалер е среќен што ќе игра за Рома и за Жозе Мурињо.
„Задоволство и чест ми е што доаѓам во овој клуб и не можам да дочекам да ја почнам сезоната со моите соиграчи. Рома е голем клуб со неверојатни фанови и тренер, Жозе Мурињо кој добро им е познат на сите. Се надевам дека со него ќе оствариме големи работи“, изјави Србинот.
Матиќ ќе го носи дресот со број 21.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА