Искусниот српски фудбалер од средниот ред Немања Матиќ, би можел оваа зима да стави крај на кариерата. Екс играчот на Бенфика, Челси, Манчестер Јунајтед и Рома, во моментов е дел од Рен, од кој побарал да си замине.
Лион има понуда за него, меѓутоа неговиот клуб не сака да го пушти, и ако тоа не се случи, тогаш Србинот веројатно ќе донесе одлука да ги „закачи копачките на клин“.
Матиќ наводно не се појавил на тренингот на тимот како подготовка за пролетниот дел од сезоната, и не ги образложил причините за тој негов потег.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА