Тимот на Лион официјално објави дека српскиот интернационалец Немања Матиќ е нивен член и потпиша договор до 2026 година. Лион за трансферот на Матиќ му плати на Рен отштета од 2,6 милиони евра.
Матиќ има играно за Бенфика, Челси, Манчестер Јунајтед, Рома, од каде замина во Франција во Рен. Но, по несогласувањата со раководството, се реши да се раздели. Беше поврзуван и со трансфер во Бешикташ, но францускиот клуб беше поконкретен.
„Матиќ има импресивна биографија со повеќе од 600 одиграни професионални натпревари. Висок е 194 сантиметри, има одлични физички и технички квалитети. Исто така играше и во репрезентацијата, а во својата кариера има три финалиња во Лигата на Европа“, стои во објавата на Лион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА