Немања Матиќ сака да си оди од Олд Трафорд веќе во јануари

Српскиот фудбалер, Немања Матиќ размислува да го напушти Манчестер Јунајтед во јануарскиот предоен рок. Тој е незадоволен од минутажата што ја добива од менаџрот Оле Гунар Солскјер и повеќе би сакал да си замине во јануари отколку да чека крајот од сезоната кога му истекува догворот. Клубот има опција за продолжување на соработката.

Репрезентативецот на Србија кој во моментов не е во тимот поради повреда, оваа сеозна на само две премиерлигашки средби беше стартер. Наводно за него има интерес и италијанските Јувентус, Интер и милан како и од Борусија дортмунд.

Немања Матиќ во Манчестер Јунајтед дојде во 2017 година кога за 45 милиони евра направи трансфер од Челси. Претходно играше за Бенфика и Витесе.

 

Се вчитува...