Искусниот српски репрезентативец и член на Рома, Немања Матиќ би можел да направи изненадувачки трансфер во Франција. Тој веројатно ќе биде дел од Рен. Францускиот клуб наводно веќе постигнал договор со играчот, и останува само да ги договори деталите со Рома.
35-годишниот Матиќ има договор со Рома до 2024 година, но римскиот клуб е подготвен да го пушти за добра понуда. Тој беше поврзуван и со заминување во Саудиска Арабија, но на крајот се одлучи да остане во Европа.
Матиќ во минатото играше во Челси, Манчестер Јунајтед и Бенфика и беше еден од адутите на Мурињо. Но, со оглед дека е веќе во зрели фудбалски години, ниту португалскиот тренер не би имал ништо против Матиќ да продолжи во Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА