Немаше драма – Манчестер Сити ја одбрани титулата во Премиерлигата!

Манчестер Сити без голема драма, ниту блиску како онаа во 2012 година, ја одбрани титулата во англиската Премиерлига. „Граѓаните“ на свој терен го добија тимот на Вест Хем и така дојдоа до новата, четврта последователна титула, со што влегоа во историјата на ова првенство.

За да нема никакви дилеми, Фоден уште во 2. минута донесе предност за Сити, а во 18. минута истиот играч зголеми и на 2-0. Меѓутоа потоа Вест Хем се врати, со евроголот на Кудус.

Некое време „висеше“ победата на Манчестер Сити, се додека во 59. минута Родри го однесе својот тим повторно на +2 гола од противникот, па 3-1 беше конечниот резултат на средбата.

Во Лондон Арсенал победи со 2-1 против Евертон. Но, тоа не значеше ништо за „топчиите“, со оглед дека на нив им требаше Вест Хем да не загуби на „Етихад“, а тоа не се случи.

Меч со многу емоции на „Енфилд“. Навивачите на Ливерпул му подготвија проштален меч на менаџерот Јирген Клоп. Со многу емоции и со многу солзи, на крајот Ливерпул славеше лесен триумф со 2-0, со кој сезоната ја завршува на третото место.

На Шефилд Јунајтед и на Барнли, во Чемпионшип и дефинитивно им се приклучи и тимот на Лутон. Во ЛШ покрај Сити и Арсенал ќе играат и Ливерпул и Астон Вила.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...