Немаше НБА кошарка во Чикаго – поради лизгав терен

Натпреварот од НБА-лигата меѓу Чикаго и Мајами воопшто не беше одигран поради лизгавиот терен, откако експресно беше сменета подлогата по одиграниот хокеј дуел, но големата влага во салата придонесе паркетот да биде невозможен за игра.

Домашниот тим се обиде да го оспособи теренот, но на крајот беше решено дуелот да се одложи „поради кондензација на паркетот што не може да биде санирана“, како што беше наведено во официјалното соопштение.

Од оние натпревари кои беа на програмата, Јута по голема борба го совлада Далас со 116-1114. Марканен имаше 33 поени за победничкиот тим, дебитантот Купер Флег го заврши мечот со 26 поени за Далас, а голем проблем за гостите претставува новата повреда на Ентони Дејвис.

Индијана во неизнесен меч како гостин го совлада Шарлот со 112-114, Сиакам беше во главна улога за победничкиот тим со дабл-дабл од 30 поени и 14 скокови.

Резултати НБА:

Шарлот – Индијана 112-114, Минесота – Кливленд 131-122, Јута – Далас 116-114.

Се вчитува...