Македонската таекдвондистка Миљана Рељиќ утре ќе го има своето деби на Олимписките Игри, но денешната ждрепка не и беше наклонета на нашата спортистка.
Таа ќе дебитира со борба во 12 часот, а за противничка ќе ја има Џејд Џонс од Велика Британија, искусна таеквондистка која е трета носителка на овој олимписки турнир. Џејд Џонс е двократна олимписка шампионска од игрите во 2012 и 2016, исто така и светска шампионка од 2019-тата, како и трикратка победничка на Европските првенства.
И покрај тешката ждрепка, Рељиќ најавува беспоштедна борба и очекува нов успех на македонското таеквондо, после сребрениот медал на Дејан Георгиевски на игрите во Токио.
„Првата борба ми е против британката, Џејд Џонс, која е двократна олимписка шампионка и има уште многу европски и светски медали, но тоа не ме обесхрабрува, туку ми дава уште поголем мотив да победам и зошто да не стигнеме и до медал“ – изјави Рељиќ по денешната ждрепка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

