Немили сцени во Белград по синоќешниот драматичен пораз на Партизан од Баерн Минхен (78-79) во 26. коло од Евролигата.
Навивачите „полудеа“ по натпреварот кој веќе беше добиен за Партизан, но германскиот тим со тројка буквално во последната секунда успеа да дојде до триумф.
По мечот, „Гробари“ ги исвиркуваа играчите а дел од нив се обидоа и со вербални пресметки да дојда до нив.
„Чиј грб носите!?“ – праша и водачот на „Гробарите“ при заминувањето на играчите на Партизан во собекувалната.
Полскиот кошаркар Понитка, пак, неочекувано дојде во конфликт и со навивач на Партизан со специфични тетоважи на главата, но не дојде до потежок инцидент.
Како што пренесуваат српските медиуми, на крајот дел од навивачите се судриле меѓу себе, оние кои ги напаѓале и оние кои ги бранеле кошаркарите на Партизан, за да нередите, кои во еден момент излегле од контрола, биле смирени со интервенција на полицијата.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА