Јувентус загуби уште едно финале во Лигата на шампионите, а тоа фановите на „старата дама“ очигледно не можеа да го прифатат на мирен начин. По завршувањето на финалето, се случија големи немири на плоштадот Сан Карло во Торино, каде навивачите на Јувентус организирано го следеа финалниот дуел против Реал Мадрид. За жал, на крајот беа разочарани од резултатот, па својот гнев го искалија со жестоки тепачки, а одекнала и силна експлозија, по која има и повредени фанови.
Истовремено, како што информираат италијанските медиуми, се слави во Милано и во Неапол. Големите непријатели на Јувентус, фановите на Интер, Милан и на Наполи, со радост го дочекаа триумфот на Реал Мадрид.
Incidentes!. Piazza San Carlo en Turín vía @populardiario pic.twitter.com/jv1Lo8QUFf
— Adrian Puente (@puenteadrian) June 3, 2017
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА