Жељко Обрадовиќ со Партизан стигна до значајна победа на гостувањето против Виртус Болоња, но темпераментниот стратег за момент во последната четвртина ги загуби нервите.
За време на тајмаутот на „црно-белите“ можеше да се слушне: „Немој да те удрам со табла во глава… дали си ти нормален, дали си нормален…“, како извикува Обрадовиќ.
Бидејќи немаше видео-запис од тајмаутот, не се знае кон кого беа упатени овие зборови, но трофејниот стратег успеа да го разбуди својот тим, кој на крајот стигна до посакуваниот резултат.
Је л’ зна ико коме је ово рекао? 😁 pic.twitter.com/qPruPOIbfX
— ИГЛИЦА ИЛИЕВ. 🇷🇸 (@aezakmiPFC) February 5, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

