„Немојте да му кажете на Кристијано дека јас сум вистинскиот Роналдо“

Еден од најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалот Роналдо во разговор со Фабио Канаваро на инстаграм, на шала изјави дека подобро е на Кристијано да не му кажуваат дека тој е правиот Роналдо.

„Кристијано не би сакал да чуе дека јас сум вистинскиот Роналдо, немојте да му кажете. Се шалам. Не можеме да се споредуваме. Кристијано секогаш ќе биде еден од најдобрите во историјата и тоа е факт. Истото важи и за Лионел Меси“, изјави Роналдо. 

Бразилскиот Роналдо трипати ја освојуваше наградата за најдобар фудбалер според ФИФА, а во 2002 години беше најдобар фудбалер на Светското првенство во Кореја и Јапонија кое што го освои репрезентацијата на Бразил.

Се вчитува...