„Немојте да се изненадите ако Винисиус се пензионира на 30 години“

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Еден Азар, проговори за случувањата поврзани со екс-соиграчот Винисиус, кој константно е во центарот на вниманието поради работи кои не се поврзани со фудбалот.

Белгиецот пред крајот на кариерата имаше можност да игра заедно со Винисиус, кој во тој период ја лансираше својата кариера, а Азар не го крие разочарувањето што Бразилецот не може да биде ценет само по своите фудбалски квалитети, не исклучувајќи ја можноста тој многу порано од очекувањата да ја заврши кариерата.

„Го знам Винисиус од почетокот на кариерата, можам да кажам дека тој е момче што ужива во фудбалот и сака да се забавува на теренот. Ја делевме соблекувалната, добро го познавам и ми пречи што наместо да се говори за она што го прави на теренот, во неговиот случај се говори за се останато. Знам дека пати поради тоа, знам дека е огромен товар, особено бидејќи веќе станува свесен и дека ништо не може да се промени. Немојте да се изненадите ако на 30 години рече – јас се повлекувам, да ја заврши кариерата“, истакна Азар.

Се вчитува...