Нена Трајчевска: Ќе дадеме се од себе за да дојдеме до победи со Украина и со Португалија

Македонската женска кошаркарска репрезентација го одработува и вториот ден од подготовките за квалификациските средби за пласман на Евробаскетот во 2025 година.

Македонија овој месец најпрво е домаќин на репрезентацијата на Украина, во натпревар закажан за 7. ноември во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје (влезот е бесплатен), а три дена подоцна ни гостува и репрезентацијата на Португалија.

Една од најискусните кошаркарки во националната селекција Нена Трајчевска најавува силна борба против фаворизираните противнички.

„Пред се, после цела година, убаво чувство е повторно да се собереме дома со овие девојки. Уште поубаво што и двата натпревари ги играме на домашен терен. Немаме многу време за подготовка. Украина и Португалија се комплетни тимови и доаѓаат во Скопје со полн состав и да победат.  Нема да е лесно, ја имаат фаворитската улога, но, ние сме навикнати на тоа, нема да ни пречи. Како и секогаш, очекувам да имаме позитивна атмосфера, карактер и менталитет за борба, од првата до последната минута на двата натпревари, кои здравје би ги крунисале со победи“ – истакнува Трајчевска пред продолжението на квалификациската трка.

Македонија досега во квалификациите загуби на свој терен од топ-фаворитот Србија, а потоа и на гостувањето во Португалија.

Се вчитува...