Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ по извонредната сезона во дресот на Уникс Казањ потпиша нов договор со рускиот клуб!
25-годишниот Димитријевиќ се договори за уште една сезона во редовите на Уникс, со можност за продолжување на истиот на уште една година.
„25-годишниот Македонец даде огромен придонес во дебитантскиот шампионат на нашиот клуб во ВТБ-лигата и беше прогласен за МВП на финалната серија. Горди сме што имаме нов договор со Ненад Димитријевиќ“ – објави официјално Уникс Казањ.
Димитријевиќ во 47 натпревари од регуларниот дел од сезоната и плејоф серијата за Уникс имаше просек од 12,8 поени, 5,6 асистенции, 2,5 скока и 0,9 украдени топки за 27:12 минути просечно на терен. Дополнително, беше убедливо најдобар во тимот по бројот на асистенции (5,6) и трет по постигнати поени (12,8). Учествуваше и на Ол-стар натпреварот на ВТБ Јунајтед лигата.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА