Ненад Димитријевиќ потпишува договор со руски Зенит

Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ ќе направи кам-бек во руската ВТБ лига, откако само денови го делат од потпис на договор со Зенит Санкт Петерсбург.

Димитриевиќ со рускиот гигатн ќе потпише двегодишен договор со кој ќе заработи по 1.5 милиони евра годишно.

Тој во Русија ќе премине од редовите на Олимпија Милано во која ја помина минатата сезона. Димитриевиќ веќе беше дел од рускиот шампионат кога со Уникс Казањ стигна до трофејот во ВТБ лигата, но и признанието за најкорисен кошаркар во финалната серија.

Се вчитува...