Ненад Димитријевиќ во петорката на колото во ВТБ (ВИДЕО)

Ненад Димитријевиќ и неговиот Уникс Казањ по осум одиграни кола сеуште не знаат за пораз во ВТБ лигата. Последен кој падна пред составот на македонскиот интернационалец беше Минск во неизвесен натпревар во кој нашиот кошаркар беше енигма за противниците.

Македонскиот бек го предводеше својот состав со 22 поени, 3 скока, 3 асистенции и 3 украдени топки, а ги постигна и клучните поени на 40. секунди пред крајот кои му донесоа на Уникс предност од два поседа. Одличниот настап на Димитријевиќ му донесе и место во петорката на колото покрај Андреи Мартиук, Тимофеј Јакушин, Треј Томпкинс и Алекси Швед.

Следното коло од ВТБ лигата ќе го отслика и македонски дуел со тоа што Димитријевиќ и Уникс гостуваат кај Рајковиќ и ЦСКА. По оваа средба само еден тим ќе остане непоразен во ВТБ лигата.

Се вчитува...