Македонскиот ракометен репрезентативец Ненад Костески по една година во Загреб реши да се врати во татковината и потпиша договор со Пелистер. За услугите на 19-годишниот перспектиран ракометар се интересираше и Вардар, но откако „црвено-црните“ се договорија со Гоце Георгиевски, „пелистерци“ ги финишираа преговорите за ангажман на Костески.
„По доведувањето на двајца млади ракометари, како Кукуловски и Танкоски, битолскиот клуб ангажираше трето домашно засилување и наскоро ќе го претстави пред јавноста. Костески се наоѓа во Загреб и се очекува негово пристигнување во нашата земја. Стружанецот ќе се јави на прозивката на Жељко Бабиќ на 27 јули“, потврдија од раководството на „пелистерци“.
Еурофарм Пелистер претходно се засили со Танкоски, Периќ, Мараш, Мандалиниќ, Кушан. Договорите се продолжени со Трајкоски, Вегар, Граџан, Ѓукиќ и Кукоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

