Ненад Костески: Треба да бидеме задоволни, одигравме добро првенство

ЕКИПА во Хернинг
Стеван Цаневски

Херојот на Македонија е Ненад Костески. Крилниот ракометар со гол во последната секунда успеа да и донесе победа на нашата репрезентација против Романија, прва на ова првенство, што носи подобра ждрепка за идното Светско првенство.

Костески кажа дека треба да бидеме задоволни од настапот на репрезентацијата на ова Европско првенство, иако жали што не успеа да победи со поголема разлика денеска.

„Имавме желба, бевме подготвени за овој меч, го дадовме максимумот и мислам дека на крај на денот треба да бидеме задоволни. Имавме добро првенство, успеавме да земеме голем бод против Португалија, и да победиме со Романија. Се подготвувавме, и се потрудивме да дојдеме до победа со поголема разлика, но не успеавме. Меѓутоа треба да бидеме среќни и задоволни и треба да одиме напред. Не верувам дека Португалија ќе дозволи да загуби со толкава разлика, но ќе навиваме за Данска да победи што поголема разлика“, изјави Костески.

Се вчитува...