Секретарот на ФК Работнички, Ненад Монев, успешно дипломираше на престижната програма на УЕФА Академијата и Универзитетот во Лозана, со што се стекна со диплома за фудбалско лидерство и менаџмент.
„ФК Работнички со неизмерна гордост му честита на својот Генерален секретар, Ненад Монев, кој успешно дипломираше на престижната програма на УЕФА Академијата и Универзитетот од Лозана, Диплома за фудбалско лидерство и менаџмент (ДФЛМ). Воедно се стекна и со одличјето “Diploma with distinction” која според стандардите на швајцарскиот образовен систем им се доделува на најдобрите студенти во генерацијата, односно на оние кои дипломираат со највисока оценка. ФК Работнички е неизмерно горд што има клупски кадар кој се докажува и е високо респектиран во европски фудбалски организации, како што е УЕФА“, стои во објавата на ФК Работнички.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА