Ненадејно почина 22-годишна француска ракометарка

Младата француска ракометна голманка Џемима Кабеја ненадејно почина на 22-годишна возраст, соопшти Меѓународната ракометна федерација (ИХФ).

Кабеја беше една од најталентираните млади француски голмани, играјќи за францускиот тим План-де-Кук. Таа ги мина и сите младински категории на репрезентацијата на Франција.

„Таа беше голем голмански талент и примерен соиграч, но пред се беше весела личност, млада жена со неизмерна добрина“, соопштија од клубот.

Се вчитува...