Ненадејно почина поранешен украински репрезентативец и играч на ЦСКА Москва

Фудбалскиот свет е во шок по информацијата за ненадејната смрт на поранешниот украински репрезентативец Богдан Шершун.

Шершун сосема неочекувано почина на 42 години, информираат украинските медуми.

Шершун во својата кариера, покрај што беше член на укранската репрезентација, настапуваше и за ЦСКА Москва во периодот од 2002 до 2005 година. Беше дел и од украинските прволигаш Дњипро, Арсенал Киев и Кривбас.

Се вчитува...